Познатата јасновидка, симбол на 90-тите: Вака денес изгледа Клеопатра која со години ја интригираше јавноста ФОТО

Многумина се изненадени од промената.
Деведесетите беа одбележани и со појавата на многу пророци во Србија, кои најчесто одговараа на прашања на граѓаните преку телевизија.
Во морето на јасновидци на кои народот им веруваше, се истакна пророчицата Клеопатра. Пророчицата, чие вистинско име е Душица Илиќ, тврдеше дека може да ја предвиди иднината, а гледачите во живо ја следеа нејзината емисија.
Покрај тоа, таа стекна голема популарност поради нејзината работа со познати личности. Таа ја заинтригира домашната јавност, а потоа наеднаш исчезна од сцената.
На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од тоа како изгледа Душица денес.
Судејќи по нив, таа во меѓувреме направила естетска операција.
Како што објавиле медиумите, славната Клеопатра денеска живее во Босна, а јавната сцена ја замени со семеен живот.