logo
logo
logo

Си го испланирала погребот до ситница, дури направила и список на „ГОСТИ“

Vecer | 16.06.2021

Си го испланирала погребот до ситница, дури направила и список на „ГОСТИ“

Марија Фуентес Фернандез од Шпанија толку детално си го испланирала погребот што решила пред смртта да се погрижи да не и дојдат несакани гости, додека ковегот и го спуштаат во земја. Самата си објавила и некролог во весниците, а на погребот дозволила да има 15 луѓе, но никој од семејството. Ним им забранила!

- Со оглед на тоа дека моето семејство долго не е „мое“ со овој некролог нагласувам дека само долу наведените може да дојдат на мојот погреб. Сите останати на кои не им беше гајле за мене во текот на мојот живот, сакам да продолжат да живеат подалеку од мене, како и до сега, напишала таа.

Многумина овој чекор на Марија го окарактеризирале како храбар и рекле дек има право да одбере. Но имало и од оние кои сметаат дека да се умре огорчен е тажно.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk