logo
logo
logo

Шведски научник со Нобелова награда за медицина за проучување на еволуцијата на човекот

Vecer | 03.10.2022

Шведски научник со Нобелова награда за медицина за проучување на еволуцијата на човекот

Наградата му беше доделена на шведскиот научник  Пабо за декодирање на ДНК на неандерталец. 67-годишниот Швеѓанец ги надмина екстремните технички предизвици за ракување со кревки, древни примероци на ДНК, за да успее да ја добие секвенцата на геномот, соопшти организацијата.

Работата на Пабо докажа дека хомо сапиенсот, неандерталците и денисованите се мешале „за време на периоди на коегзистенција“, што резултирало со вклучување на архаична ДНК кај денешните луѓе.

Наградата за медицина е првата од петте што ќе се доделат оваа недела, а ќе кулминира со Нобеловата награда за мир в петок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk