Језиво

Шведски модел предизвика низа бурни реакции поради влакнестите нозе во новата кампања на Adidas

Познатиот спортски бренд Adidas ја објави новата кампања за колекцијата Есен/Зима "Superstar" со која ставија акцент на автентичноста. Бидејќи патиките "Superstar" се дизајнирани за да ја "редефинираат убавината", не е чудо што новата кампања предизвика бурни рекации и контроверзии само што било објавено видеото.

Главната причина која стои зад овој проект е шведскиот модел Арвида Бистром, која воедно е и артистка, фотограф и уметник, се залагала против стереотипите и била главен активист во движењето за "не - депилирање". Таа позира во бел фустан, розова маица и Superstar патики во пастелни бои.

Додека ја покажувала прилично женствената страна, таа предзвика бурни реакции поради нејзините влакнести нозе. Многумина ја навредувале во коментари под видеото на Youtube, а некои од нив ѝ испраќале и директни закани за силување.

Не можам да замислам како е да не ги поседуваш сите привилегии на светот и да пробаш да постоиш во овој свет. Ви испраќам љубoв и пробајте да се сетите дека не секој го има истото искуство како вас", вели Бистром.

Поврзани

Најнови вести

Коментари