Оние кои чуваат кутре сигурно се прашуваат зошто кучињата скоро секогаш се вртат неколку пати пред да легнат.

Впрочем, ретко кое куче нема навика да се сврти неколку кругови пред да фати добра позиција. Најпрвин, ќе стане, па ќе се сврти неколку круга, па ќе легне во иста позиција како порано, само овој пат задоволно ќе воздивне и ќе заспие.

Сигурно сте се запрашале зошто го прави тоа…

Имено, знаеме дека кучињата спиеле така кога живееле во дивината, па ги штителе своите внатрешни органи од потенцијални предатори. Но, сега тие сигурно не се во опасност од предатори, зошто сè уште го прават тоа?

Експертите велат дека тоа е еволутивна работа, која не е променета, иако луѓето драстично го сменија својот животен стил и дозволија кучињата да останат со нив под ист покрив и да се галат и да ги гледаат, понекогаш повеќе од другите човечки суштества.

Имено, кога кучињата живееле во дивината, спиеле свиткани за да се заштитат, но и да се стоплат. Тешко ќе се ослободат од овие навики.

Секако, постојат исклучоци, така што ќе видите куче како спие на грб како да не се плаши од ништо … И навистина е така, каде што се чувствува совршено безбедно си дозволува да крева четири нозе.