logo
logo
logo

Што троши повеќе гориво? Клима уред или спуштен прозор?

Vecer | 27.07.2021

Што троши повеќе гориво? Клима уред или спуштен прозор?

Што е подобро дали да возите со спуштени прозори, или, со вклучена клима? Како се троши повеќе гориво?

Докажано е дека возењето со клима за 5% ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобил со 4 патници. Потрошувачката зависи од многу фактори, а зависи и од моделот на автомобилот, вашите возачки навики и уште многу други.

Климата ја зголемува потрошувачката, но спуштените прозори го зголемуваат отпорот, па поради тоа моторот треба да работи понапорно, а со самото тоа троши и повеќе гориво.

Тестот покажал дека за потрошувачка е најлошо ако возите со спуштени прозори при брзина од 85 до 95 километри на час. При истата таа брзина ефикасноста на потрошувачката на гориво паѓа за 20%, додека со користење на клима за 10%.

Во случајот да возите под 80 на час, тогаш прозорите ви се подобра варијанта. Така додека сте во град може да возите со отворени прозори, а на отворено дефинитивно е подобро клима.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk