logo
logo
logo

Што треба ДА ИЗБЕГНУВАТЕ ЗА ПОЈАДОК

Vecer | 29.11.2021

Што треба ДА ИЗБЕГНУВАТЕ ЗА ПОЈАДОК

Изборот на храна за овој оброк е исто така многу важен доколку сакате да ја одржите фит линијата.

Сепак има некои намирници за кои има мислења дека треба да се избегнуваат за појадок.

Млечни производи со помал процент на масти

Млечните производи кои се означени како лесна варијанта не се добар избор за појадок, бидејќи имаат низок процент на масти и не содржат доволно протеини, па побрзо ќе почувствувате глад.

Научните истражувања покажаа дека јогуртот со поголем процент на масти придонесува за слабеење, за разлика од неговата „лесна“ варијанта.

Цедени сокови

Друга храна на оваа листа која може да ве изненади е цеден сок, особено од цитрус, како портокал.

Нутриционистите тврдат дека повеќето овошни сокови содржат иста количина шеќер како и купениот сок, поради што не се препорачуваат како напиток за појадок, бидејќи можат да влијаат на линијата.

Дополнително, кога се консумира сокот, нема џвакање, поради што нема да имате чувство дека нешто сте внеле во организмот.

Путер

На оваа листа на храна што треба да се избегнува за појадок треба да се додаде путер.

Иако содржи многу витамини, меѓу кои најважни се А и Е, а освен здрави масти, путерот содржи и многу заситени кои можат штетно да делуваат на срцето и крвните садови и на тој начин придонесуваат за дебелеење. .

Како замена, нутриционистите препорачуваат путер од кикирики, бидејќи го намалува чувството на глад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk