Што треба да се јаде на минусни температури!

Тело ја користи маснотијата што полесно ги апсорбира витамините А,Е,К и Д

После неколку дена поминати на студено, малку работи можат да не расположат како што тоа е топла пилешка супа или чинија со топли тестенини.

Зимскиот период јадење повеќе храна не само што ќе не "загрее" туку и ни го подобрува расположението. Сепак потребно е да се конзумира одредена врста на храна за време на студот која носи и голема корист.

Топла храна
Во студени денови, пиење и јадење топла храна или напитоци го зголемуваат чуството за топлина. Дополнителна корист е ако таа храна ја готвите дома, бидејќи ви се загрева и домот. Тоа го прави домот попријатен додека надвор е ладно. Чуство на топлина помага ако храната ја зачинете.

Внимавајте да не дехидрирате
За време на студените денови последно на ум ви да конзумирате ладна вода или студен чај. Но треба да се биде внимателен бидејќи за време на студот можна е дехидрација исто како и лето кога се жештините. Најдобар избор против зимска дехидрација е шоља топол чај.

Масна храна

Масниот слој во вашето тело ве штити од студ, но тоа не е единствена причина зошто салото е важно за време на зима. Вашето тело ја користи маснотијата со што полесно ги апсорбира витамините А,Е,К и Д. Недостаток на витаминот Д може да доведе депресија и да биде штетно по вашето здравје.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари