logo
logo
logo

Што треба да имате на велигденската трпеза: Без овие 10 работи не седнувајте на маса

Vecer | 01.05.2021

Што треба да имате на велигденската трпеза: Без овие 10 работи не седнувајте на маса

На Велигден семејството оди во црква на света литургија, а после службата се поздравува со: Христос воскресе! Навистина воскресе! Овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден. Кога ќе се вратат од црква, семејството меѓу себе си честита Велигден и седнуваат на свечената трпеза на која мора да има:

Мед – симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.

Јагнешко месо - го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.

Говедско месо - го симболизира човекот (мудрост, лав (храброст), волот (правдата) и тоа се четирите животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов.

Вапцани јајца– тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.

Леб –на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ.

Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува”. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.

Сол –укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.

Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови.

Грозје, смокви, чичак и трња – тие се симболи на добрите и злите луѓе.

Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за божјото царство. Консумирање на риба е дозволено во текот на постот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk