Што се случува кога водителка ќе заборави на камерите? (ВИДЕО)

Наташа Екслби, водителка од австралискиот телевизиски канал ABC стана хит на интернет поради нејзината симпатична реакција пред камерите откако кадарот две секунди порано се врати на неа и ја фати неподготвена и занесена.

По настанот, засрамената водителка неколку дена не се појавува во етер, коментира „Индепендент", додавајќи дека, за среќа, таа нема да биде отпуштена од работа.

– Емитувањето во живо во принцип е доста сложено и грешките се неизбежни. Нашите водители се луѓе, а не роботи. Ние се однесуваме сериозно кон стандардите на она што оди во живо, но не очекуваме потполно совршенство. Нема да казнуваме никого за грешка, па тоа нема да и се случи ни на Наташа, изјави директорот на информативната програма на ABC, Гевин Морис.

Поврзани

Најнови вести

Коментари