logo
logo
logo

Што се КРИЕ на дното на океанот?! Научниците збунети

Vecer | 22.05.2021

Што се КРИЕ на дното на океанот?! Научниците збунети

Редок радиоактивен изотоп на плутониум, стар милиони години, неодамна беше пронајден на дното на океант, што ги збуни научниците и ги натера да се запрашаат како стигна до Земјата.

Опасниот хемиски елемент познат како плутониум 244, пронајден на длабочина од 1,5 километар на дното на Пацификот, е резултат на „насилни космички настани“ што се случиле во вселената пред милиони години.

„Приказната е комплицирана - можно е плутониумот 244 да е резултат на експлозија на супернова или можеби е остаток од постар, но уште поспектакуларен настан, како што се судири и детонации на неутронски sвезди“ - рече професорот Антон Волнер од австралиската национен Универзитет.

Научниците исто така велат дека е откриен уште еден елемент на дното на морето, железо 60.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=87TpxxFdzQU[/embed]

Датирањето покажало дека и плутониумот 244 и железото 60, постоеле кога се формирала Земјата пред повеќе од 4 милијарди години, а најверојатно се создале после неколку супернова експлозии во близина на Земјата.

„Нашите податоци би можеле да бидат првиот доказ дека супернова експлозиите произведуваат плутониум 244“, рече Валнер.

„Животниот век“ на железото 60 е околу 2,5 милиони години пред да започне да се распаѓа и да се претвора во никел. Од друга страна, рокот на траење на плутониум 244 е околу 80 милиони години. Тоа е доволно за да се „запомнат“ настаните од пред неколку милиони години, но не и доволно за да потекнуваат од времето кога е формиран Сончевиот систем, рече коавторот на студијата, д-р Мајкл Хоткис.

Валнер исто така изјавил дека плутониумот 244 веќе постоел во времето на супернова и дека таа експлозија го „турнала“ низ Сончевиот систем.

На овие елементи им требало време да „пропаднат“ во стабилни форми, но, со оглед на состојбата во која се пронајдени, научниците веруваат дека силните космички настани се случиле пред само неколку милиони години.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0D04uTP2MBI[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk