logo
logo
logo

Што пишува во ТЕСТАМЕНТОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИП и кој ќе добие 35 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 17.05.2021

Што пишува во ТЕСТАМЕНТОТ НА ПРИНЦОТ ФИЛИП и кој ќе добие 35 МИЛИОНИ ЕВРА

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, која почина на 9 април, наводно до моментот на смртта бил „тежок“ околу 30 милиони фунти (околу 35 милиони евра), но малку се знае за тоа кој ќе го наследи неговото богатство .

Затоа се зголемува притисокот врз владата да ја објави волјата на војводата од Единбург, за деталите за неговото лично богатство да не останат тајна, пишуваат британските медиуми, додавајќи дека притисокот доаѓа од Домот на лордовите.

Дејвид Меклар, експерт за кралското семејство, вели дека тестаментот на принцот Филип треба да се третира како последна желба на секој британски граѓанин. Тој за „Сан“ изјави дека повиците за детали се валидни затоа што тие можат да „спречат измама“ во кралското семејство.

Единствената гласина е дека коњите ќе бидат наследени од неговата внука Лејди Луиз

Луиз (17), наводно, покрај животните ќе го наследи и пајтонот на Филип.

Покрај тоа, малку е познато за тоа што Филип го имал во сопственост, како и за тоа што секој може да наследи. Меклар претходно изјави дека верува оти целиот имот што Филип го оставил од себе најверојатно ќе го наследи кралицата, со која војводата беше во брак 73 години.

- Главно се прави на тој начин, сопружниците наследуваат. Во тој случај, тие не се обврзани да плаќаат данок - рече тој.

Министерот за правда претходно рече дека наследниците можат да побараат содржината на тестаментот да не биде објавена во јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk