Што може да открие наталната карта за вас?

Нашите натални карти можат да ни донесат важни пораки и информации за сите силни страни, слабости, врски и сѐ друго што им служи на нашите души во нашиот животен век. Сечија натална карта е посебна и уникатна и ги зема во предвид сите планетарни подредувања во точниот момент кога сме се родиле. Многу астролози сметаат дека наталните карти се доста точни и можат многу да им помогнат на оние кои се чувствуваат како да залутале на животниот пат и да откријат кои се и зошто воопшто дошле на овој свет.

1. Може да ви открие која кариера е најдобра за вас
Нашите натални карти можат да ни кажат каде најдобро се вклопуваме во професионалниот свет и што можеме да направиме за да го осветлиме патот кон целта. Сѐ зависи од позициите на познатите планети и ѕвезди, што значи нашата идеална кариера може да биде сосема поразлична од она што моментално го правиме или посакуваме. Наталните карти ни помагаат да ја препознаеме својата индивидуалност и да се чувствуваме удобно во сопствената кожа.

2. Може да открие кои се вашите силни и слаби страни
Наталните карти можат да ни покажат кои активности ни доаѓаат природно, а на кои треба дополнително да поработиме. Кои искуства нѐ прават посилни и кои луѓе треба да ги држиме покрај себе, а кои треба да ги избегнуваме. Најдобриот дел за наталните карти е тоа што ќе ни ги кажат и позитивните и негативните аспекти на нашиот карактер. Но, се разбира не треба да го сфаќаме тоа лично бидејќи наталните карти се тука само за да ни помогнат да научиме важни животни лекции.

3. Може да открие дека всушност имате 3 знаци
Наталната карта покажува дека немаме само еден Сончев знак, односно нашиот главен хороскопски знак и еден подзнак кој опишува каков прв впечаток луѓето добиваат за нас, како дејствуваме во светот и каква помош можеме да понудиме на другите. Тука се вбројува и Месечевиот знак кој ги претставува нашите инстинкти и она што сакаме да го скриеме од другите. Тоа може да се интерпретира како местото на кое одиме за да најдеме мир и да се одвоиме од притисоците на светот. Исто така, го претставува нашиот емоционален развој и може да го објасни нашето однесување и расположение.

4. Може да открие како планетарната подреденост влијае врз вашиот карактер и енергија
Наталната карта може многу подетално да го објасни нашиот карактер отколку хороскопските знаци. Може да го опише влијанието на секоја позиција на планетите и во кој хороскопски знак биле во моментот кога сме се родиле. Тоа најчесто се наоѓа на левата страна од картата. Обрнете внимание на Северниот јазол, бидејќи тој ги опишува искуствата низ кои треба да поминете за духовно да се развиете, додека Јужниот јазол ги покажува сите ваши квалитети кои не ви се доминантни и кои веројатно веќе сте ги совладале.

5. Може да ги открие сите важни лекции со кои ќе се соочиме во животот
Нашата натална карта ќе ги открие сите искуства низ кои ќе поминеме во животот и кои ќе ја тестираат нашата волја. Ќе ни помогне и да разбереме што нѐ очекува на патот кон успехот и со какви предизвици ќе се соочиме, за да можеме соодветно да ги манифестираме нашите потреби и да ги донесеме сите тие искуства кон нас.

6. Како да ја прочитате вашата натална карта?
Постојат многу веб-сајтови кои се занимаваат токму со оваа работа, од кои еден можете да најдете на овој линк. Доколку не ви се допаѓа, со едноставно пребарување на Гугл можете да најдете уште многу други. Откако ќе го пронајдете оној кој ви се допаѓа, најпрвин ќе треба да го ставите вашето име, пол, дата и час на раѓање, како и градот и државата во која што сте родени. Потоа, ќе забележите табела во која се претставени сите планетарни позиции, подредени по знак и степен. Ова е всушност вашата натална карта. Со понатамошно разгледување можете да најдете многу детални описи за вашиот хороскопски, односно Сончев знак, вашиот подзнак и вашиот Месечев знак и што сѐ тоа значи за вас.

Поврзани

Најнови вести

Коментари