logo
logo
logo

Што кажува хороскопот: КОЈ ЗНАК ШТО ОЧЕКУВА ЗА ПОДАРОК ЗА 8. МАРТ

Vecer | 06.03.2021

Што кажува хороскопот: КОЈ ЗНАК ШТО ОЧЕКУВА ЗА ПОДАРОК ЗА 8. МАРТ

Не очекува празникот на кој се радуваат девојките и жените - 8. март. А на тој ден за нив треба да се има посебно внимнаие и, мал подарок. Што вели хорскопот, на кој знак што би му донело радост?

Огнени знаци: Овен, Лав, Стрелец

Пред да тргнете да купувате подарок за огнените дами, добро слушајте за што зборуваат, што сакаат и планираат да купат, а потоа изненадете ги!

Добра идеја е да им уплатите некое патување или третман во спа центар. Накит нема да одбијат, но нека не биде претенциозен.

Романтична вечера во некој убав удобен ресторан. Исто така, можете сами да им направите вечера, сервирана со свеќи, добро вино и многу бакнежи…

Жените кои припаѓаат на огнените хоропски знаци наизглед се јаки и самостојни, но во суштина се кревки и нежни.

Земјени знаци: Бик, Девица, Јарец

Овие дами обожуваат слатки, но и добра храна. Тие се најголеми гурмани во хороскопот. Затоа, резервирајте вечера во нејзиниот омилен ресторан. Можете да земете и нешто слатко.

Можете и сами нешто да подготвите, но не претерувајте со романтична атмосфера, бидејќи тие не сакаат многу тоа.

Овие жени се деловни и можете да им подарите нешто поврзано со работата како, квалитетно пенкало, интересен календар или торба за компјутер.

Воздушни знаци: Близнаци, Вага, Водолија

Со овие жени морате внимателно, не смеете да претерувате.

Тие најмногу сакаат ситници како добра книга, нешто слатко, миризлива свеќа, марама или шал.

Исто така, можете да ја однесете на театар, во кино, на некоја изложба.

Водени знаци: Рак, Скорпија, Риби

Овие жени сакаат изненадувања. Затоа не ги прашувајте што сакаат, едноставно изненадете ги!

Добро вино е одличен подарок за нив, а може и парче долна облека.

Можете да ја однесете на романтична вечера или пак во ноќен клуб. Тие сакаат да се забавуваат!

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk