logo
logo
logo

Што изјави Кејт Мидлтон за бебето на Меган и Хари?

Vecer | 11.06.2021

Што изјави Кејт Мидлтон за бебето на Меган и Хари?

Британската војвотка од Кембриџ, Кејт денеска изјави дека едвај чека да ја запознае својата нова внука Лилибет, ќерката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

„И посакувам сè најдобро, едвај чекам да ја запознаам, што се надевам дека ќе биде наскоро“, изјави Кејт пред новинарите за време на посетата на училиште во друштво на првата американска дама Џил Бајден, на маргините на Г7 самитот.

Лилибет Лили Дајана Маунтбатн-Виндзор, именувана по бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета Втора и неговата покојна мајка, принцезата Дајана, се роди пред една недела во болницата Санта Барбара во Калифорнија.

Родена е скоро година и пол откако Хари и Меган ја објавија намерата да се повлечат од кралските должности, предизвикувајќи голема криза во кралското семејство.

Односите меѓу членовите на кралското семејство дополнително се влошија во март кога еден од нив, иако неименуван, е обвинет за расистички изјави против синот на принцот Хари, малиот Арчи.

Проблеми се појавија и откако Меган Маркл призна во интервјуто на Опра Винфри дека членовите на кралското семејство целосно ги игнорираат нејзините молби за помош поради самоубиствени мисли, кои честопати и паѓале на ум за време на нејзиниот живот во Велика Британија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk