logo
logo
logo

Што им смета на жените кај мажите - ЕВЕ 4 ПРИЧИНИ

Vecer | 05.02.2021

Што им смета на жените кај мажите - ЕВЕ 4 ПРИЧИНИ

Колку што жените се мистерија за мажите, истото важи и за дамите, кои често се збунети од постапките на мажите.

Корисниците на Reddit ја отворија душата и, врз основа на нивните искуства, издвоија работи што, како што велат, никогаш нема да ги разберат кај мажите.

Немојте да се изненадите ако се препознаете во нивните одговори

  1. Машко однесување при флертување

„Како да разговараш со човек без тој да мисли дека горам со него? „Дали на мажите не би им сметало, ако некоја жена не ги интересира, а таа продолжува да флертува со нив?“

„Сигурно некој веќе ги прашал тоа и можеби е разјаснето многу одамна, но… како на маж му доаѓа идеја дека несакана фотографија од неговиот пенис може да предизвика позитивна реакција?”.

  1. Ограниченост

„Ако поставам повеќе од едно прашање во една порака, зошто ми одговара само на едно?“

„Како може да направи една работа во домот без да види други работи кои што сè уште треба да ги направи? Сериозно. Би сакала да можам да затворам очи пред работата што треба да ја работам, исто како и мажите “.

  1. Молчење

„Зарем навистина не мисли на нешто?

„Зошто не зборуваат за работите што ги мачат? Мислам, разбирам кога сакаш да избегнеш незгоден разговор, но навистина не разбирам зошто тогаш мора да ја сменам темата затоа што е нерасположен за разговор?“

  1. Од секојдневниот живот

„Сериозно, што по ѓаволите сакаат? Што да му дадам на мажот? Не можам да му купувам очила, опрема за скара и чорапи секогаш“.

„Зошто негираат дека заспале на каучот кога е очигледно дека спијат на каучот?“

„Зошто им требаат само 45 минути за пазарење во маркет?“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk