logo
logo
logo

Што е „ШТОСОТ“ со куќите од 1 ЕВРО во Италија

Vecer | 21.05.2021

Што е „ШТОСОТ“ со куќите од 1 ЕВРО во Италија

Многу италијански градови во последниве години со цел да ги заживеат напуштените улици, со ниски цени се обидуваат да привлечат нови жители, па така често гледаме како се продаваат куќи за едно евро.

Но, со добра причина, многумина прашуваат - кој е уловот?

Веројатно веќе сте виделе разни понуди, реклами и написи во весници за италијански куќи кои се продаваат за 1 евро. Дури и најскептичните меѓу нас не можеа да одолеат да кликнат и да видат за што станува збор.

Камена куќа во зеленило со мирен живот, но и враќање кон корените, се желба на многумина.

Градот Кастиљионе ди Сицилија (познат и како град на виното) минатиот месец објави продажба на дури 900 напуштени куќи по цена од 1 до 5000 евра.

Но, зошто една куќа во прекрасен рурален дел на Италија, со поглед на море, би чинела толку малку?

Постојат многу причини зошто една куќа чини едно евро.

Првата причина е што не можете само да купите таква куќа и да ја чувате колку да ја имате. Тие доаѓаат со одреден пакет услови, и во зависност од тоа на кое место сте купиле, би можеле да бидете пријатно изненадени или целосно разочарани.

Како прво, мора ја реновирате. Повеќето куќи кои чинат 1 евро ќе ве чини многу повеќе од едно евро затоа што им треба темелно реновирање: од покриви и подови, ѕидови и фасади, до инсталација електрична енергија и вода. Тие се претежно стари куќи кои не се користат со децении, па ги јаде влагата и се покрени со вегетација.

Вториот услов е честопати дека треба да ја реновирате купената куќа во рок од најмногу три години. Кога купувате, исто така давате депозит од околу 5.000 евра, кој подоцна ќе ви биде вратен, а исто така мора да платите и административни трошоци.

Некои што започнаа со овој потфат велат дека напорот се исплати - локалните власти се корисни и  на услуга за време на целото „патување“.

Други велат дека по долго пребарување и десетици прегледани куќи (поточно - урнатини) заклучиле дека повеќе сакаат да купат пристојна куќа за повеќе пари, со повеќе содржина и подобри сообраќајни врски и да направат минимални поправки.

Потоа, можеби ќе се изненадите кога ќе сфатите дека 1 евро е само почетна цена и дека куќата е всушност на аукција. Конечната цена може да ве чини неколку илјади евра - што не е повторно лошо, но се уште ве чека работа.

Ако планирате да живеете тука, ќе ви треба работна дозвола, а со текот на времето веројатно ќе ви треба италијанско државјанство и познавање на италијански јазик. Имено, за купување на некои куќи услов е да се преселите во предметното место и да живеете и да работите таму, односно да започнете бизнис.

Можеби мислите дека бирократијата и документацијата ќе ви создадат главоболка, но, изненадувачки - многу клиенти потврдија дека тоа воопшто не претставува проблем. Процесот на аплицирање е едноставен, сите потребни документи може да се најдат на Интернет, а најхрабрите успеале да го поминат тој процес без да одат напред и назад кон Италија.

Сега им останува радоста да се преселат и да уживаат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk