logo
logo
logo

Што е поштетно, сончевата светлина или сината светлина од екранот?

Vecer | 25.06.2022

Што е поштетно, сончевата светлина или сината светлина од екранот?

Сината светлина е насекаде околу нас. Зрачени сме од сонцето, но и од сијалиците, мобилните телефони, компјутерските екрани и телевизори со рамен екран.

Но, не сите се подеднакво опасни по нашето здравје.

Има се повеќе докази дека сината светлина може да има штетен ефект врз кожата и очите и да го наруши деноноќниот ритам, нашиот внатрешен часовник.

Студиите кои ги истражуваат ефектите на сончевото зрачење на кожата обично се фокусирани на ултравиолетовото зрачење, особено на UVB, кое е одговорно за изгореници од сонце, пишува Bug.hr.

Ефекти на изложеност

Најчестиот познат ефект на изложеноста на сина светлина е значително зголемување на реактивните видови кислород (ROS), високо реактивни хемикалии кои формираат кислород.

И премногу ROS може да ја оштети ДНК и клучните ензими како оние кои се одговорни за поправка на ДНК и на тој начин да го зголеми ризикот од рак.

Една студија покажа дека сината светлина може да предизвика пигментација, потемнување на различни типови на кожа.

Иако многу луѓе сметаат дека длабокото сончање е пожелна особина, тоа всушност е показател за оштетување на кожата и ROS.

Друга студија, сепак, покажа дека затемнувањето на кожата од видливата светлина, која вклучува сина светлина, има потемна пигментација која трае подолго во споредба со изложувањето на ултравиолетово зрачење.

Оштетување на кожата

Истражувањата исто така покажаа дека сината светлина може да ги активира гените поврзани со воспаление и фотостареење или оштетување на кожата.

Неколку студии покажаа дека типичните креми за сончање не ги спречуваат оштетувањата предизвикани од сината и видливата светлина.

Иако се чини дека сината светлина е помалку моќна од ултравиолетовото зрачење, ова може да се објасни со релативно поголемите количини сина светлина што стигнуваат до Земјата.

УВР сочинува околу пет проценти од сончевото зрачење во ОК напладне во текот на летото; сината светлина сочинува околу 15 проценти, покажа истражувањето.

Предности на сината светлина

Но, има и некои корисни ефекти на сините светла.

Се користи за лекување на кожни состојби, вклучително и егзема, во фотодинамичка терапија, за лекување на низа кожни состојби, од акни до рак и за промовирање на заздравувањето на раните.

Но, штетните ефекти на сината светлина веројатно ќе ги надминат позитивните ефекти кај здравите луѓе.

Сината светлина може да ја оштети кожата, но помалку е јасно кои извори на сина светлина се штетни за луѓето.

Сината светлина од екранот е одговорна за дел од дозата сина светлина што ја добиваме.

Истражувањата покажаа дека екраните од уредите можат да го зголемат производството на ROS.

Мало оштетување

Вистина е дека поминуваме повеќе време пред екранот од кога било досега, но иако екраните можат да предизвикаат одредена штета, тоа е занемарливо во споредба со изложувањето на сонце.

Студијата на германскиот производител на производи за нега на кожа Biersdorf открива дека цела недела изложеност на сина светлина од екранот на растојание од 30 cm е еднаква на само една минута од пладневното летно сонце во Хамбург, Германија.

Друга студија покажа дека сината светлина од екранот е меѓу сто, па дури и илјада пати помалку интензивна од сината сончева светлина.

Фото: Natalia Kokhanova

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk