logo
logo
logo

ШТО ДА НЕ СТАВАТЕ ВО МИКРОБРАНОВА - Еве 7 работи кои треба да ги избегнувате

Vecer | 17.09.2021

ШТО ДА НЕ СТАВАТЕ ВО МИКРОБРАНОВА - Еве 7 работи кои треба да ги избегнувате

Подготвувањето храна во микробранова печка е сосема безбедно, барем поголемиот дел од времето.

Бидејќи ова е уред кој работи на принцип на силни електромагнетни бранови, мора да се посвети строго внимание не само на видот на храната што се подготвува во него, туку и на материјалот од кој се направени садовите што ги ставате во него.

Колку и да ви заштедува време и електрична енергија при загревање на храната, микробрановата печка не е наменета за сите видови храна и пакување.

  1. Замрзнато месо

Иако меѓу функциите на микробрановата печка обично постои онаа што нуди опција за одмрзнување со прилагодување на одредена температура, сепак не се препорачува.

Експертите тврдат дека на овој начин нема да се постигне ниту одмрзнување, туку дека месото сепак ќе биде замрзнато внатре, додека дури и делумно ќе се готви однадвор.

  1. Алуминиумска фолија

Правило што никогаш не треба да го заборавите е дека алуминиумската фолија никогаш не смее да се става во микробранова печка. Не само фолија, туку сите метални садови или метализирани рабови на садовите.

Сето ова предизвикува искра, а алуминиумската фолија е дури и најопасната опција, за разлика од подебелите метални материјали, бидејќи металните честички побрзо се загреваат и предизвикуваат реакција.

  1. Пластика

Дури 95 проценти од загреаната пластика ќе предизвика штетни хемиски испарувања. Од таа причина, не е безбедно да користите садови направени од овој материјал во микробранова печка, првенствено за вашето здравје, дури и оние за кои е индицирано дека се користат во микробранова печка, како и чинии од стиропор.

  1. Јајца

Подготвувањето јајца во микробранова печка е целосно бескорисно - ќе има само пареа под лушпата, која ќе експлодира во одреден момент.

Резултатот е уништени јајца и прилично валкана печка.

  1. Овошје

Како и јајцата, овошјето исто така содржи голема количина на вода што може да се претвори во водена пареа и да се собира додека не се случи експлозија во микробрановата печка.

Можеби греењето на овошје не изгледа како логичен избор, но се повеќе нови рецепти советуваат токму таква подготовка.

  1. Компири

Проблемот со компирот не е во самото греење, туку во начинот на складирање по подготовката. Ако се чува на собна температура, а не во фрижидер, се создаваат идеални услови за развој на бактеријата клостридиум ботулинум, што предизвикува ботулизам, особено ако е завиткана во фолија и нема контакт со кислород.

Не секогаш греењето на компирот ќе може да ја отстрани оваа бактерија.

  1. Мајчино млеко

Многу мајки избираат да го чуваат своето млеко за подоцнежна употреба, но треба да знаат дека никогаш не треба да се загрева во микробранова печка.

Топлината е нерамномерно распределена и бебето може да се изгори. Наместо тоа, загрејте го млекото во сад со топла вода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk