logo
logo
logo

ШТО БЕШЕ ТОА НОРМАЛНО: По пандемијата многу нема да се вратат на стариот начин на живот

Vecer | 17.05.2021

ШТО БЕШЕ ТОА НОРМАЛНО: По пандемијата многу нема да се вратат на стариот начин на живот

Пандемијата  значително влијаеше на промената на секојдневните активности, па дури и на начинот на живот на многу луѓе. Многумина велат дека толку помина што веќе не паметат како изгледаше времето пред коронавирусот, а други нема да знаат ниту да се вратат во нормалниот живот по пандемијата.

Според жител на Тексас, Роберт Сото, враќањето во „нормалниот“ живот ќе бара големи напори, сепак, неговиот понатамошен живот нема да биде воопшто сличен на оној пред пандемијата.

„Јас веројатно ќе продолжам да избегнувам физички контакти и да носам маска“, истакнува тој.

Честопати има сомнежи дека лицето што седи до него потенцијално може да биде заразено со коронавирус, што претставува голем психолошки товар за него. Соодветно на тоа, тој многу често избегнува социјални собири.

Флуктуацијата на менталната состојба, како резултат на пандемијата на коронавирусот, значително предизвика вознемиреност кај индивидуите, доколку ја заборават маската или ја извадат маската додека се на јавни места.

„По завршувањето на пандемијата, повеќето луѓе ќе доживеат анксиозност, депресија и страв од надворешниот свет“, рече д-р Хектор Колор Ривера, претседател на Американското здружение за психологија на шпански јазик.

„На луѓето ќе им треба одредени време да се вратат во „нормалниот“ тек на животот, што првично ќе биде проблем за една заедница“, додаде тој.

Конечно, заштитните маски, по пандемијата, ќе станат составен дел од животот на секоја индивидуа, затоа што досега научивме да не излегуваме без нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk