logo
logo
logo

Што беше ПО ПРОФЕСИЈА ЕЛИЗАБЕТА?

Vecer | 01.10.2022

Што беше ПО ПРОФЕСИЈА ЕЛИЗАБЕТА?

Дали знаете што беше занимање на кралицата Елизабета?  Светот чекаше три недели да ја слушне официјалната причина за смртта, а тоа беше очекувано староста, но она што исто така привлече големо внимание е нејзината професија.

Во потврдата пишува се - полно име (Елизабет Александра Мери) и презиме (Виндзор), датум на раѓање (21 април), датум и време на смртта (8 септември во 15:10 часот по локално време), адреса на местото каде што таа умрела (замокот „Балморал“ во Шкотска), брачна состојба (вдовица)... А професија? Па, Нејзиното Височество Кралица.

Што друго би било, прашаа твитерџиите и почнаа да се шегуваат. Бидејќи се наведени и занимањата на нејзините родители - кралот Џорџ VI и Елизабета, кралицата мајка.

Некои додадоа дека доколку ја прашале големиот владетел, таа веројатно ќе го нагласила „служењето на народот“ како своја работа, бидејќи така често ги завршувала своите обраќања до нацијата.

Но, има и такви кои сметаат дека наведената професија на кралицата Елизабета е целосно оправдана, бидејќи да се биде кралица не значи само да се пие чај во пет часот и да се организираат приеми на дворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk