logo
logo
logo

ЕКСПЕРТИТЕ ОДГОВАРААТ: Што ако не сте развиле антитела по вакцинирањето?

Vecer | 15.04.2021

ЕКСПЕРТИТЕ ОДГОВАРААТ: Што ако не сте развиле антитела по вакцинирањето?

Ако сте се вакцинирале против COVID-19 или сте прележале Ковид-19, а немате антитела или ги имате малку, не очајувајте.

Според експертите малиот број на антитела не значи дека не сте заштитени од инфекција, туку целосниот имун одговор на организмот има цела војска од антитела и различни видови клетки.

„Кога станува збор за новиот коронавирус SARS-CoV-2, и антителата и Т-клетките се важен дел од имунолошкиот одговор којшто ни помага да се избориме со вирусот“, велат за BBC на српски јазик Алба Грифони и Алесандро Сете од Институтот за имунологија во Ла Хоја, Калифорнија, пренесе b92.

Тие се дел од тимот истражувачи во Центарот за инфективни болести и истражување вакцини.

Нашиот имун систем го брани телото од инфекции и се состои од два дела. Првиот е секогаш подготвен за акција и се активира веднаш штом во телото ќе биде откриен непознат напаѓач. Познат е како вроден имунолошки одговор и вклучува ослободување хемиски соединенија кои предизвикуваат воспаленија и бели крвни клетки кои можат да ги уништат заразените клетки.

Но, овој систем не е специфичен за коронавирусот, може да го запамети и нема да ве заштити од COVID-19.

Потребен е усвоен имунолошки одговор којшто подразбира клетки кои произведуваат одредени антитела кои се лепат за вирусот за да го запрат и Т-клетки кои ги напаѓаат заразените клетки.

За ова е потребно време, според некои студии, по 10 дена организмот почнува да прави антитела. Најболните пациенти развиваат најсилен имунолошки систем.

Колку трае имунитетот?

Меморијата на имунитетот е слична како и нашето паметење, некои инфекции целосно ги памти, но има навика некои и да ги заборави. Сипаниците, на пример, имунитетот ги памти цел живот.

Новиот коронавирус не е доволно долго време меѓу луѓето за да знаеме колку долго ќе трае имунитетот на него. Студија објавена од Институтот за јавно здравје во Англија покажа дека повеќето луѓе кои биле во контакт со вирусот се заштитени барем 5 месеци.

Сепак, има и случаи на повторно инфицирање, а дури и кај асимптоматските пациенти може да се најдат големи количини од вирусот во носот или устата. На тој начин можат да го пренесат.

Дури и кога антителата ќе исчезнат, клетките коишто ги создаваат, таканаречените Б-клетки, можеби и понатаму ќе бидат тука. Б-клетки за Шпански грип се пронајдени кај луѓе и 90 години по пандемијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk