logo
logo
logo

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА Неша Манијак, најпознатиот српски по*но актер

Vecer | 19.05.2021

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА Неша Манијак, најпознатиот српски по*но актер

Ненад Стефановиќ или Неша Манијак е најпознатиот српски порно актер кој во оваа индустрија е повеќе од една деценија и најинтересно од се е дека снима исклучиво на домашен терен. Среќата решил да си ја бара токму во Србија. Вели, во порно индустријата влегол случајно - листајќи весници.

„Гледам оглас во кој пишува - Потребни порно актери за снимање филмови за домашен и странски пазар. Си реков, ајде Нешо пробај. Вртам, се претставувам, а господинот ме прашува дали имам партнерка со која би го снимил тој прв филм. Секако, дека реков оти немам. Кого да викнам и да речам ај со мене да снимаме порноно филм“, вака ја почнал својата приказна Неша Манијак.

Му рекле да дојде за три дена, но за тоа време не смее да има секс. Вели имал трема од камерите и рефлекторите,

„Девојката беше убава, згодна. Прашав што треба да правам. Човекот му рече само да се опуштам и да дадам се од себе. Тогаш си реков, Нешо ова ти е клучна точка во животот. Ова е да се биде или не. Нешо можеш, раскажува Ненад.

Го пофалиле дека е добар, а после три дена имал ново снимање. И така почнало се, вели. Досега снимил повеќе од 80 филма и сменил околу 200 партнерки. Приватно, далеку од камерите имал двојно повеќе, рекол Нешо во емисијата Гол живот.

Признава дека со сопругата на почетокот имал проблеми затоа што не му ја прифаќала работата.

„А многу жени ми рекле - Да си ми маж, ќе ти ја исечам онаа работа на спиење. Сопругата тешко ја прифати мојата работа, но ја сакам и почитувам и сум и докажал дека семејството ми е на прво место. Видела некои мои филмови и ми забележала дека таму сум подобар во сексот отколку со неа. Но сум и објаснил дека таму правам како што ќе ми кажат, дека со неа е друго“, вели Нешо и додава дека некогаш мора да се работи на -15, а некогаш на +40.

„Еднаш снимав на Кошутњак беше плус 40. Тамам почнавме да работиме не нападнаа комарци. Ги растеравме со дим, димот им пречеше на камерите.  Ај го решивме и тоа, кога ете двајца фраери џогираат, кога не видоа голи кренаа паника, сакаа да викнат полиција. Друг пат снимавме во Зрењанин, а надвор зима. Ни требаше воведна сцена надвор, на -15 орално да ме задоволи партнерката. Катастрофа, но добро си одработив“, раскажува Неша Манијак.

Вели Србинките се најсексапилни жени во светот, но сите нешто глумат. Сакаат да ги шеташ три месеци, па секс. Вели во светот не е така. Признава дека најдолгиот секс му траел 20 минути, и тоа било на снимање. А снимал низ цела Србија.

„Еднаш снимавме во Нови Сад во една убава призмна куќичка која се наоѓа близу до шеталиште. Додека снимавме видов дека момче и девојка стојат и не гледаат, ми признаа дека не гледале цело време3, признава тој и додава дека работата го исполнува затоа што ги споил убавото и корисното.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk