logo
logo
logo

ВИДЕО

ШОК ВО ЖИВО: На водителки сред емисија им соопштиле дека се позитивни на коронавирус

Vecer | 28.09.2021

ШОК ВО ЖИВО: На водителки сред емисија им соопштиле дека се позитивни на коронавирус

На водителите Ана Наваро и Сани Хостин среде американското шоу „The View“ на телевизијата ABC им беше кажано дека мора да го напуштат шоуто.

– Вие две мора да излезете на кратко, им рекол човекот зад камерите.

Ана и Сани биле вакцинирани со двете дози, но морале да го напуштат студиото пред доаѓањето на американската потпретседателка Камала Харис, бидејќи им било потврдено дека имаат коронавирус. Со нив во студиото биле уште двајца водители.

– Се чини дека тука се случува нешто за што не сум 100 проценти свесна. Може ли некој да ми објасни што се случува?, коментираше водителката.

Потоа им објасни на гледачите што се случува.

– Бидејќи ова ќе биде главна вест во секој момент, Сани и Ана очигледно се позитивни на коронавирус. Колку и да се трудите, вакви работи се случуваат, тие веројатно брзо ќе закрепнат и сигурно ќе биде добро, бидејќи и двете се целосно вакцинирани, вели Бехар.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk