logo
logo
logo

Шок во Индонезија: Пронашле леопард пред хотелска соба, гостите во паника

Vecer | 06.10.2025

Шок во Индонезија: Пронашле леопард пред хотелска соба, гостите во паника

Леопард бил фатен утрово, кој успеал да влегол во хотелски комплекс и да предизвика паника кај гостите откако вработените го пронашле пред една од хотелските соби на вториот кат од хотел во Бандунг, една од најпопуларните туристички дестинации во Индонезија.

Бандунг е главен град на Западна Јава, најнаселената покраина во Индонезија.

Управата на хотелот веднаш ги повикале пожарникарите, кои потоа контактираа со локалната агенција за заштита на природата. „Користевме седатив и околу 10 часот наутро го извадивме леопардот од хотелот“, изјави за АФП Агус Аријанто, раководител на Агенцијата за заштита на природата на Западна Јава.

Избегал од Зоолошката градина

Кон крајот на август беше објавено дека леопард избегал од зоолошката градина, на само пет километри од хотелот. Но, Агус вели дека ќе биде потребно време за да се утврди дали станува збор за истото животно. Тој додаде дека „големата мачка во моментов полека се враќа во свест“ и дека ќе биде транспортирана во одделот за заштита на животните за набљудување.

Слични инциденти со диви животни кои избегале од зоолошката градина станаа почести во Индонезија во последните години. Во 2021 година, два бенгалски тигри избегаа од зоолошката градина во Синкаванг, Западен Калимантан, откако неколку дена обилни дождови направија дупка во близина на кафезот каде што престојувале.

Потоа, 47-годишен чувар на зоолошка градина и неколку други животни беа пронајдени мртви во близина на нивниот кафез. Едниот тигар на крајот бил убиен, а другиот бил фатен жив. Индонезиските зоолошки градини се под истрага веќе некое време.

Имено, администрациите на некои од нив се обвинети за суровост кон животните и лоши безбедносни стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk