logo
logo
logo

ШИБОРИ – Јапонска техника за вапсање јајца

Vecer | 01.05.2021

ШИБОРИ – Јапонска техника за вапсање јајца

Шибори е јапонска техника за бојадисување ткаенина, но последните години овој тренд се прошири и на украсувањето јајца. Иако на прв поглед делува сложено, ќе се изненадите колку всушност е едноставна и интересна. Се што ви треба не се четкички и специјални боит, туку трикот се крие во користењето конец, хартија и ластичиња.

За украсување шибори јајца ви треба сина боја, алкохолен оцет, хартија (филтер за кафе), ластичиња, стаклен сад и ножици. Секое јајце завиткајте го во филтер за кафе, а врвот заврзете го со ластиче. Преку јајцето замотајте со ластичиња или конец, зависно каква шара сакате. Растворете ја бојата за јајца според упатството, а потоа добиената бојата ставете ја во шприц. Постепено сипувајте од бојата врз деловите од јајцето меѓу конецот или ластичињата. Кога ќе се натопи хартијата, оставете да се исуши.

И веќе ја имате својата уникатна шара, а за изгледот на јајцата не се сомневаме дека ќе ви се допадне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk