Направете сами

Шампон за суво миење

Косата не е здраво да се мие секој ден, а некои жени имаат проблем со масното теме, па не можат да го избегнат овој ритуал. За среќа, постои решение - шампон за суво миење. 

Шампонот можете да го купите, но со малку труд истиот можете и самите да го направите. Се што ви треба го имате во кујната!

Сув шампон за темна коса:

30 г пченкарен скроб

10 г цимет

2 капки есценцијално масло

Сув шампон за светла коса:

60 г пченкарен скроб

10 г цимет 

2 капки есценцијално масло

Како да го користите шампонот: Измешајте ги сите состојки и ставете ги во чисто шишенце. Посипете по косата и исчешлајте. Поделете ја косата и повторете ја постапката.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари