Раковите може да ги освоите само ако сте целосно искрени во однос на чувствата затоа што ги презираат врските кои не водат никаде и бараат партнер со кого ќе го поминат цел живот. Тие се исто така многу сензуални во кревет.

1. Тешко е да се измамат
Раковите природно имаат многу суптилна интуиција и многу ретко грешат кога мислат дека се на трагата на нешто. Тие се многу претпазливи и забележуваат дури и најмали детали, така што да ги криете работите од нив не е добра идеја.

2. Многу се сензуални
Верувале или не, и покрај нивната срамежлива личност, тие се многу страствени љубовници и можат целосно да се опуштат во сексот. Ако најдат некој со кого се компатибилни во кревет, искри ќе летаат.

3. Тие се многу емотивни
Тие се најчувствителниот знак на Зодијакот и понекогаш им е тешко да ги контролираат своите емоции. Нивната чувствителност е многу заводлива и покажува колку се искрени, особено во врските.

4. Тие се заштитници
И покрај симпатичниот изглед, тие знаат да застанат за себе и никогаш нема да дозволат никој да ги згази нив или нивните пријатели. Тие ги обожаваат своите пријатели и би сториле сè за нив.

5. Тие се полни со изненадувања
Тие имаат многу неочекувани квалитети како креативност и спонтаност, а покрај тоа се полни со љубов и грижа.

6. Тие исто така имаат многу негативни карактеристики
Раковите можат да бидат многу песимистички расположени и се едни од оние кои секогаш ја гледаат чаша полупразна. Тие исто така се склони на промени во расположението и можат да паднат од крајна еуфорија до длабока депресија за само неколку секунди.

7. Врските можат да бидат стресни
Во врските, тие можат да го „гушат“ партнерот и мора да се трудат за да не бидат нападни. Тие повеќе би сакале да ја поминуваат секоја секунда од денот со партнерот и ќе им биде тешко да и дадат простор на другата страна.

8. Со кого се компатибилни во убовта
Најдобар избор за рак е Шкорпијата. Тие се многу компатибилни и функционираат одлично во врската. Тие прават динамичен пар со кој не е паметно да се игра.

9. Тие се многу несигурни
Тие се многу чувствителни и заради тоа знаат  да им дозволат на другите луѓе да влијаат на нивното мислење. Потребна им е потврда од другите за да бидат среќни во врската.

10. Тешко лечат скршено срце
Тие имаат чувствителни срца, со кои не треба да се игра. Кога некој си игра со нивните чувства, за нив е многу тешко. Тешко им е да продолжат после раскинивање и понекогаш им треба многу долго за да го сторат тоа.

11. Влијание на Месечината
Нивната преосетливост и силни емоции може да се припишат на нивната владејачка планета Месечината. Тоа е планета на емоции и расположенија и силно влијае на Раковите.

12. Нивниот елемент е вода
Водените знаци се интуитивни, чувствителни и сочувствителни.

13. Како да ги заведеме?
Ако сакате да го освоите срцето на Ракот, мора да им покажете колку сте искрени. Тие бараат долги врски и ја мразат помислата дека губат време со некого. Ако сакате да ги придобиете, навистина мора да бидете искрени во врска со вашите чувства кон нив.

14. Тие внимателно ги избираат своите пријатели
Ако сте пријатели со рак, честитки, затоа што треба да бидете посебен вид на личност за да ги придобиете. Раковите не им веруваат на нови луѓе и им треба време да се дружат.

15. Што ги иритира?
Тие немаат време за лоши луѓе и се многу иритирани од невнимателни луѓе кои мислат само на себе. Очекуваат многу од другите луѓе и затоа го мразат кога некој ги игнорира.