logo
logo
logo

Семејство од Нов Зеланд купиле кофер на аукција, се шокирале кога го отвориле

Vecer | 16.08.2022

Семејство од Нов Зеланд купиле кофер на аукција, се шокирале кога го отвориле

Членовите на семејството ги пронашле останките кога стигнале дома. Полицијата започнала истрага и работи на идентификација на останките.

Се претпоставува дека минатиот четврток семејството отишло во магацин на локална компанија и купило цела приколка со роба, во која имало и куфери.

Откритието е направено откако луѓето ги донеле предметите дома, рече инспекторот Тофилау Фамануја Ваелуа. Неколку соседи исто така изјавиле дека почуствувале силна смрдеа.

Еден сосед, поранешен работник во крематориум, вели дека мирисот веднаш го препознал. Полициските службеници изјавиле дека приоритет им е да го потврдат идентитетот на починатото лице.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk