logo
logo
logo

СЕКС СУША: Колку е штетна, толку е и корисна

Vecer | 02.04.2021

СЕКС СУША: Колку е штетна, толку е и корисна

Периодот без секс е иделна можност да откриете што ве возбудува, а што не – да работите на подобра форма, но и да ги одморите нервите од страв од несекана бременост.

Иако сексот го зајакнува срцето и го продолжува животот, сепак периодите познати како “суша” периоди исто така имаат свои придобивки особено за вашето ментално здравје. Ваквиот период е одлична можност да работите на себе и на изгледот на вашето тело, пишува Your Tango.

Подобра форма, поголема самодоверба

Жените за време на сексот можат да бидат крајно несигурни кога станува збор за нивното тело, прашувајќи се дали се доволно згодни и привлечни а сето ова лошо влијае на нивната самодоверба. Перидот без секс ги менува приоритетите, така што вишокот време може да го искористат за вежбање и промена на нивната исхрана. Подобрата форма сигурно ќе им ја зголеми самодовербата и ќе им го подобри начинот на кој се гледаат сами себе.

Можност за истражување на сопственото тело

Суша периодот е одлична можност да го истражите сопственотот тело. Оние кои можат да имаат најголема корист од ваквиот период се луѓето кои никогаш не достигнале кулминација со својот партнер. Ваквиот период е совршен за да откријат што ги возбудува а што не.

Нема грижи за несакана бременост

Во долгите врски партнерите најчесто треба да се усогласат едни со други и да прават компромиси – па дури и кога станува збор за секс.

Според истражувањата голем процент од жените се сложиле да имаат незаштитен секс по желба на мажот – па оттаму суша периодот ги намалува и ваквите грижи.

Повеќе ќе го цените сексот

Ваквите периоди не учат да го цениме сексот. А кога ќе заврши, сексот ќе биде поинтензивен од порано. Особено ако сте го истражиле сопственото тело и знаете што најмногу ве возбудува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk