logo
logo
logo

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Секој трет преживеан пациент од Ковид-19 ја има оваа последица

Vecer | 07.04.2021

АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ: Секој трет преживеан пациент од Ковид-19 ја има оваа последица

Експерското списание „Лансет Психијатрија“ ги пренесува наодите од едно големо истражување, што во најголем дел било спроведено во САД, а во кое се наведува дека кај пациентите со Ковид-19 најчестите појави по прележување на болеста се анксиозност и депресија.

Сепак во трудот се вели и дека на научниците се уште не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот.

Истражувањето, спроведено врз повеќе од 230.000 испитаници, главно во САД, открива дека кај еден од тројца преживеани пациенти со Ковид-19 шест месеци по третманот има дијагностицирано невролошко или психијатриско нарушување.

Овој наод упатува на заклучокот дека може да се очекува бран од невролошки и психијатриски пациенти како последица на пандемијата, наведува „Лансет Психијатрија“.

Британските медиуми навеедуваат дека од 14-те психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести појави кај преживеаните пациенти со Ковид-19, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот.

Истражувањето не утврдило кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувачи на овие нарушувања, но заклучува дека е потребно да се иницира ново истражување за да се утврди што ги предизвикува овие феномени, како да ги спречи или како медицински да се третираат.

Врз основа на анализата на медицинските досиеја на повеќе од 236.000 лица кај 34 отсто од пациентите, по шест месеци од прележувањето на Ковид-19, дијагностицирани се невролошки или психијатриски проблеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk