logo
logo
logo

Секој пат кога водиме љубов девојка ми плаче: Бев во тотален шок кога ми откри дека ја повредувам!

Vecer | 27.10.2021

Секој пат кога водиме љубов девојка ми плаче: Бев во тотален шок кога ми откри дека ја повредувам!

Млад Британец доживеал голем шок кога сфатил дека неговата девојка не сака да води љубов со него и тоа поради големината на неговиот полов орган.

-Јас имам 26 години, а мојата девојка има 24 години. Заедно сме 6 месеци и се сакаме, но имаме огромен проблем во кревет и овој проблем ме фрустрира. Секој пат кога имаме секс таа плаче бидејќи мојот алат е преголем. Таа ми вели дека повредувам за време на сексот. Бев во тотален шок бидејќи ниедна од моите претходни девојки не ми ја коментирала големината на мојот полов орган, додава тој.

Тој и вели дека досега бил убеден дека неговиот пенис е со просечна должина, но дека неговата девојка го убедила во спротивното.

-Низ солзи ми кажа дека ова не е точно и дека сум многу понадарен од нејзините поранешни момчиња. Таа повеќе не сака да води љубов со мене и сум загрижен за иднината на нашата врска. Многу сакам да бидеме интимни, но ме згрозува помислата дека ја повредувам. Не знам што да правам, признава тој.

Набрзо по неговиот пост, добил и одговор од терапевт.

-Изгледа дека вашата девојка не е доволно возбудена кога водите љубов. Немојте да брзате и бидете нежни. Поминете повеќе време во предиграта и полека напредувајте кон пенетрација. Ова може да е клучно во вашиот однос. Слободно експериментирајте и со различни пози.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk