Секој има свој ангел чувар, иако тоа не го знаат: Еве како својот ангел да го замолите за помош!

Вашиот ангел може да се појави во лик како што го замислувате, или како боја, симбол, чуство или мелодија... Вашето срце ќе го препознае.

Ангелите смеат да ни помогнат само кога за тоа ќе ги замолиме. Ова е еден од начините како да се поврземе со нив и да добиете одговор на саканите прашања...

Седнете комотно и во себе изговорете ја желбата за да се поврзете со ангелите. Тоа може да биде ваш ангел чувар. После тоа вниманието насочете го на дишењето, ќе забележете со секое издишување се ослободувате од напнатост, а со вдишување се полнете со убава златна светлина.

Уживајте во убавото чуство, златната светлина тече преку вашето тело, опуштајќи и исцелувајќи го. Ставете една рака на вашето срце и држете ја тука неколку минути (така ги ускладувате срцевите и мозочните бранови)
Замислете како полека тонете во длабочина во самите себе, носени на облак од златна светлина, се додека не се спуштете на некое убаво место. Истражете и збогатете го своето доживување на тоа место со сите чуства – гледајте го, слушајте звуци, обрнете внимание и на мириси, вкусови, почуствувајте го тоа убаво место во својот внатрешен свет.

Треба во себе да кажете: "Подготвен сум!" и замолете за контакт со својот ангел.
Дишете опуштено, без било какви очекувања, следејќи и најситна промена која можете да ја приметете.

Вашиот ангел може да се појави во лик како што го замислувате, или како боја, симбол, чуство или мелодија... Вашето срце ќе го препознае.

Кога ќе почуствувате контакт, отворете се и замолете да ви испрати исцелителни вибрации кои ви се најпотребни во овој момент во животот.

Смирете се и верувајте!

Ако имате неколку прашања, можете да ги поставете и да бидете отворени за одговор кои може да стигне одма или неколку моменти подоцна, можеби во сон. Не е важно кога и како, одговорот ќе ви стигне во вистинскиот момент.

Кога ќе почуствувате дека средбата се ближи кон крај, заблагодарете се на ангелот и испратете му љубов од срце.

Поврзани

Најнови вести

Коментари