logo
logo
logo

Секој хороскопски знак со свој талент: Кој е најдобар во караоке, а кој во покер?

Vecer | 22.06.2021

Секој хороскопски знак со свој талент: Кој е најдобар во караоке, а кој во покер?

Астролозите тврдат дека секој од нас има „напишано во ѕвездите“ во што тој е посилен и подобар од другите. Во хороскопот откријте кој е вашиот најголем талент, можеби ќе откриете некоја ваша страст за која претходно не сте ни знаеле.

Овен - караоке

Нивната динамична личност најдобро се изразува со караоке додека во раката држат микрофон. Тие се во состојба да го погодат вистинскиот тон дури и по неколку пијачки, а по нивниот настап, публиката секогаш ќе бара повеќе.

Бик - покер

Овој знак ќе ги земе сите пари на масата за покер пред да сфатите што се случило. Тие се издржливи и подготвени за долги игри, а многумина ги обвинуваат дека мамат само затоа што толку често победуваат.

Близнаци - градинарство

Тие имаат природен дар за одгледување растенија и нивните домови редовно се полни со зеленило.

Исто така, тие секогаш знаат неколку корисни трикови кои ќе ги спасат нивните растенија од изумирање.

Рак - раскажување приказни

На секое кампување секогаш има некој што ќе ги воодушеви сите со своите приказни покрај камперскиот оган. Раковите знаат со зборови и како да ги интересираат своите слушатели, а децата сакаат да ги слушаат нивните приказни пред спиење.

Лав - „шептач“ на животните

Нивната нежна природа позитивно влијае на сите животни и доколку миленичето е вознемирено, во рацете на Лео наскоро повторно ќе се чувствува безбедно и смирено.

Тие честопати волонтираат во засолништа за животни и сакаат да поминуваат време со своите крзнени пријатели.

Девица - боречки вештини

Нивното чувство за логика и љубов кон ритуалите се совршени за вежбање на боречки вештини.

Тие исто така уживаат во тренинг сесии за време на кои ги усовршуваат своите вештини до совршенство.

Вага - глума

Вагите можат да играат каков било лик без никаков проблем. Нивната дружељубивост и флексибилност им олеснуваат да се интегрираат во различни карактери и верно да ги пренесат на својата публика.

Тие се истакнуваат и во играта на имитација или пантомима.

Шкорпија - музика

Нивната самоконтрола им служи добро кога треба да научат да свират на инструмент, и бидејќи природно имаат слух, тие се во состојба лесно да ги совладаат дури и најсложените мелодии.

Стрелец - правење слатки

Љубопитноста и гладтта за различни искуства ги мотивираат да пробаат различни техники на кондиторски производи. Тие сакаат да ги збогатуваат класичните рецепти со својот посебен допир и да ги воодушевуваат сите со нови и одлични вкусови.

Јарец - рап

Тие се кул и римите им доаѓаат на ум без никакви проблеми. Со својот слободен стил, тие се во состојба да ги кренат сите на нозе, а сите што им се спротивставуваат со микрофон во рака, наскоро ќе одат поразени дома.

Водолија - одење по раце

Овој оригинален лик сака да стори сé што е наопаку, вклучително и стоење на глава, танцување брејк денс и одење по рацете.

Заради нивниот талент, тие често се и добри акробати.

Риба - стомачен танц

Мистичните риби знаат да ги заведат другите со својот танц, особено со колковите и стомакот.

Со своите движења, тие можат да ги хипнотизираат сите што ги гледаат, а исто така сакаат да настапуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk