logo
logo
logo

Седум деца во Британија починале од стрептококна А инфекција

Vecer | 05.12.2022

Седум деца во Британија починале од стрептококна А инфекција

На родителите во Обединетото Кралство им беше кажано да бидат внимателни откако седмо дете во земјата почина од ретка инвазивна форма на инфекција со стрептокок А.

Британскиот министер за здравство Надим Захави изјави дека родителите треба да се грижат за симптомите, иако повеќето случаи на инфекција со оваа бактерија се многу благи, објави британскиот весник Гардијан.

“Најчесто формата на инфекција е многу блага, но бактеријата е многу заразна, па затоа е важно да се поттикнат родителите да внимаваат на симптомите, како што се треска, главоболка или осип на кожата“, рече Захави.

Хелен Салисбери, општ лекар во Оксфорд, изјави за Гардијан дека родителите треба да бидат внимателни за да ги забележат симптомите како што се постојана треска, летаргија, недостаток на апетит и мокрење кај децата што е можно порано.

“Од перспектива на родителите, навистина е тешко да се каже дали тоа е само болно грло или увертира за нешто сериозно“, рече Салисбери.

Бактеријата стрептокок А може да предизвика различни здравствени проблеми, од кои повеќето се благи, но може да вклучуваат шарлах и инвазивна стрептококна А болест (iGAS).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk