logo
logo
logo

Се заљубила во ДВОЕН УБИЕЦ, а не го ни познава, ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ ВО ЗАТВОР

Vecer | 10.04.2021

Се заљубила во ДВОЕН УБИЕЦ, а не го ни познава, ЌЕ СЕ ВЕНЧААТ ВО ЗАТВОР

Девојка од Велика Британија планира да замине во САД со цел да се омажи за двоен убиец кого никогаш го нема видено и кој ќе остане во затвор до 2034 година.

Наоми Вајс (26) се заљубила во Виктор Оквенд (30), познат како Животно, откако станала ментор во затвор. Двајцата најпрво размениле писма, а потоа почнале да разговараат по телефон.

Преписката на крајот прераснала во романса што го запрепастило семејството на Наоми, особено кога таа ја прифатила неговата понуда за брак.

Тој има убиено двајца ривали во напад на банда и одлежал 10 од 24 години за злосторства што вклучуваат и три вооружени грабежи.

Сепак, Наоми инсистира на тоа дека тој не е „чудовиште, туку човечко суштество“.

- Виктор е најљубезниот човек што сум го сретнала. Луѓето можат да судат пред да ја знаат целата приказна, но не можам да го замислам мојот живот без него, рече Наоми, пренесува Мирор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi 🦋 (@naomiwise_)

Невообичаената врска на далечина е исто така многу скапа - Наоми троши повеќе од 300 евра месечно на телефонски повици и писма, и често му испраќа пакети со храна.

Бидејќи Виктор има многу тетоважи на своето тело, Наоми исто така се „украсила“, па ги истетовирала неговите иницијали на нејзиниот зглоб, додека на ребрата го има неговиот потпис.

Наоми планира да замине во САД до летото и да го посети својот  вереник во затвор кога тоа  ќе го дозволат правилата воведени порадикороната.

Венчавката може да се одржи во затворот во септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi 🦋 (@naomiwise_)

По венчавката, Наоми сака да се пресели во Мичиген и да подготви сè за заеднички живот откако ќе излезе од затвор.

Според медиумите, Виктор може да биде ослободен најрано во 2034 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk