logo
logo
logo

Се заканува ЕКОЛОШКА КАТСТРОФА од бродот кој тоне во крајбрежјето на ШРИ ЛАНКА

Vecer | 02.06.2021

Се заканува ЕКОЛОШКА КАТСТРОФА од бродот кој тоне во крајбрежјето на ШРИ ЛАНКА

Танкер полн со хемикалии тоне покрај брегот на Шри Ланка, а светот стравува дека несреќата може да се претвори во еколошка катастрофа, пренесува Би-Би-Си.

Танкерот Х-Прес Перл регистриран во Сингапур гореше скоро две недели пред да се изгасне пожарот оваа недела.

Ако бродот потоне, стотици тони гориво може да се излеат во морето и да го уништат морскиот живот таму.

Морнарицата на Шри Ланка и Индија работеа заедно во изминативе денови за гаснење на пожарот, а сега и за да се спречи  потонувањето на бродот, но нивното работење го отежнуваат невремето и монсунските ветрови.

Екологистката Ајанта Перера предупреди дека можноста за потонување е „најлошото сценарио за животната средина“.

„Со целиот опасен товар, азотна киселина и други соединенија, како и горивото на бродот, тонењето ќе доведе до уништување на целото морско дно“, додаде таа.

Властите на Шри Ланка веруваат дека пожарот бил предизвикан од истекување на азотна киселина за која екипажот знаел од 11 мај. Бродот превезуваше 25 тони многу корозивна киселина, што вообичаено се користи во производството на ѓубрива и експлозиви.

X-Press Shipping, компанија со седиште во Сингапур, сопственик на бродот, потврди дека екипажот бил свесен за истекувањето, но дека Катар и Индија одбиле да дадат дозвола за влез во нивните води.

Фактот што Шри Ланка дозволи бродот да влезе во нивните води предизвика бурни реакции во јавноста.

Официјалните лица поднесоа полициска жалба против капетанот на бродот кој беше спасен минатата недела заедно со другите членови на екипажот.

Полицијата во Шри Ланка наводно ги испрашувала капетанот и инженерот над 14 часа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk