logo
logo
logo

Овие знаци не ги игнорирајте: Еве како да дознаете дали партнерот ве искористува!

Vecer | 16.06.2021

Овие знаци не ги игнорирајте: Еве како да дознаете дали партнерот ве искористува!

Кога сме заљубени имаме тенденција да го гледаме светот низ розеви очила. Но, за жал не секогаш луѓето се впуштаат во љубовни врска со чисти намери. А за да бидете сигурни дека не сте предмет на искористување тогаш треба да обрнете внимание на овие знаци:

Вие плаќате секогаш кога ќе излезете

Непишано правило е дека барем на почетокот од врската би требало дечкото да плаќа за вечерата. Но ако сакате да бидете фер, секако дека би требало да се понудите да платите. Меѓутоа, ако ви се чини дека тој никогаш не се фаќа за паричникот кога треба да се плати сметката, тоа е знак дека тој само ве искористува.

Ве бара само кога му треба нешто

Дали ви се чини дека тој секогаш е зафатен кога ви треба? Од друга страна, кога нему нешто ќе му затреба, дали тој ви се јавува и вие го оставате она што моментално го правите и трчате да му помогнете? Ова е класичен пример на искористување. Никако не смеете да бидете со некој што не е тука за вас кога ви треба.

Емоционално ве уценува

Дали вашиот сакан постојано ве обвинува за сите работи во животот што не му одат од рака? Завршување факултет, наоѓање работа, задржување работа? Ако е така, тоа е јасен знак на емоционална уцена, бидејќи вие се чувствувате виновни за неговиот неуспех, иако немате никаква врска со тоа и останувате со него за да ги поправите работите некако.

Никогаш не сте добиле подарок од него

Лудо е да се замисли тоа дека вљубениот младич нема потреба на својата сакана да ѝ подари барем една роза. Нема потреба да се зборува за скапи подароци. Ако никогаш не сте добиле ништо од него како подарок, ни најмала ситница, тоа е знак дека тој не се грижи за вас. Од друга страна, ако редовно ви бара нова кошула, часовник или патики и очекува од вас подарок за роденден, за Денот на вљубените, Нова година и слично, тоа е знак дека само ве искористува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk