logo
logo
logo

Се вакцинираше и Кејт Мидлтон, а сите гледаа во една работа!

Vecer | 29.05.2021

Се вакцинираше и Кејт Мидлтон, а сите гледаа во една работа!

И војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон ја прими првата доза од вакцината против Ковид -19.

- Вчера ја примив својата прва доза на вакцина КОВИД-19 во лондонскиот Музеј на наука, напиша таа на Инстаграм и додаде: Благодарна сум на сите кои работат на ширење на вакцините – ви благодарам за сè што правите.

И тоа што како и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се боцна не привлече толку внимание, колку изборот на гардеробата за оваа прилика.

Имено, Кејт се појавила во лежерна гардероба, односно едноставни фармерки и памучна маичка. А токму ова издание, покрај сите оние елегантни фустани и костимчиња, е вистинско освежување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk