logo
logo
logo

Се удавил сакајќи да спаси татко и син од давење

Vecer | 13.06.2021

Се удавил сакајќи да спаси татко и син од давење

Еден човек на Флорида бил однесен од морска струја откако се обидел да спаси две лица од давење, пренесува Њујорк пост. Полицијата започна потрага по Кристоф Мареј (27), откако тој исчезнал при неуспешниот обид да спаси татко и син од давење.

Девојката на Мареј повикала брза помош кога морска струја ги однела сите тројца, соопшти полицијата:

- Благодарни сме што го стори тоа. За жал, струјата беше толку силна што тој не можеше да спаси никого, без оглед на неговите намери.

Таткото и синот, за кого се верува дека имал околу три години, не се идентификувани.

Шерифот во округот Хиллсборо рече дека знаците „Забрането пливање“ постојат со причина:

- Ги молам родителите да не дозволуваат мали деца да влегуваат во било каков вид на водена површина без елек за спасување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk