logo
logo
logo

ПОЗНАТИОТ ПРОРОК НЕ ГРЕШИ:

Се што предвидел Нострадамус за 2022 година се оствари, останува само ОВА!

Vecer | 22.06.2022

Се што предвидел Нострадамус за 2022 година се оствари, останува само ОВА!

Мишел де Нотр Дам, попознат како Нострадамус, е француски лекар и пророк од 16 век, кој ја напишал најпознатата книга со пророштва некогаш отпечатена. Книгата му донесе светска слава, а се состои од пророштва за неколку векови. Пишувал во стихови кои биле двосмислени од страв дека ќе го прогласат за волшебник, но сакал и тајните на пророштвата да останат непознати за неупатените.

Тој предвидел бројни настани во историјата: Француската револуција, Големиот пожар во Лондон во 1666 година, зајакнувањето на Наполеон и Адолф Хитлер, слетувањето на Месечината, смртта на тројца членови на семејството Кенеди, терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001 година.

Нова војна

Едно од неговите пророштва диктира дека светот очекува нова војна, преку напад на Франција од исток. Тешко е да се одреди точниот датум на неговите предвидувања бидејќи тие се засноваат на астрономски движења, но овој напад би можел да се случи на пролет. Ова предвидување потенцијално може да се однесува на тензиите меѓу Русија и Соединетите Држави кои се закануваат да ескалираат. Русија секој ден се повеќе ја зајакнува својата армија, а веќе ја најде Кина за свој сојузник. Од друга страна, НАТО и САД веќе се заканија со „тешки последици“ доколку Русија ја нападне Украина.

Инфлација, глад и климатски промени

Освен тоа, светот очекува висока инфлација и зголемен глад, како и климатски промени. Овие предвидувања не се толку невообичаени со оглед на пандемијата со која светот се бореше во последните две години, а климатските промени беа голем проблем со кој се бориме веќе некое време. Сепак, малку е веројатно дека рибите во Црното Море ќе пливаат во „зовриена вода“, но дали е можно во 2022 година промените да го достигнат својот врв по што нема враќање назад?

Вештачка интелигенција

Пет века претходно, Нострадамус ја предвидел и еволуцијата на вештачката интелигенција. Технологијата толку многу напредуваше во последните неколку децении што е тешко да се предвиди што ќе се случи во иднината, но Нострадамус во своите предвидувања ги наведе „бесмртните студенти“ и потенцијалните негативни последици, што секако е причина за загриженост.

Само ова е уште под знак прашалник, но минатата година беше многу блиску до реализација!

Удар на метеор

Гледам оган како паѓа од небото напишал Нострадамус во своите предвидувања за 2022 година, мислејќи на падот на метеор на земјата. Во 2021 година, Земјата за малку ја промашил астероидот 2021GW4 со дијаметар од речиси пет метри. Самиот по себе не претставувал голема закана за Земјата, но доколку се скршел на неколку делови, еден дел веројатно ќе удрел во Земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk