logo
logo
logo

СЕ ОГЛАСИЛА ЌЕРКАТА НА БИЛ И МЕЛИНДА ГЕЈТС. Ова треба да се прочита

Vecer | 04.05.2021

СЕ ОГЛАСИЛА ЌЕРКАТА НА БИЛ И МЕЛИНДА ГЕЈТС. Ова треба да се прочита

Бракоразводната парница е закажана дури следнта година, поточно за средината на 2022. а судот уште еднаш ќе го разгледа барањето во септември оваа година.

Мелинда Гејтс објавила дека поднела барање за развод од Бил Гејт, после 27 години брак.

Бидејќи, 1994 година, кога на самата Нова година одлучиле да се венчаат на Хаваи не потпишале пребрачен договор не помислувајќи дека ќе заработат многу пари, како и тоа дека на нивната љубов ќе и дојде крај, сега по судски пат ќе мора да се договорат за поделба на имотот.

Во своето барање за развод Мелинда нагласила дека финансиска подршка од сопругот не и е потребна.

Кога се случило нивниот брак да стигне до развод, не е познато, но во објавата која на Инстаграм ја објавила самата Мелинда, пишува дека нивниот развод е конечен.

Бракоразводната парница закажана е дури за следната година а судот уште еднаш ќе разгледа го разгледа случајот во септември оваа година.

За разводот на своите родители набрзо се огласила нивната најстара ќерка, 25. годишната Џенифер Гејтс.

- Сега многумина ја слушнаа веста за разводот на моите родители.

Ова беше тежок период за нашето семејство, а јас се уште учам како најдобро да ги средам моите чувства, но и да ги подржам членовите на семејството, и благодарна сум што ми е оставено доволно простор. Нема лично да коментирам ништо околу разводот, но да знаете дека вашите убави зборови и подршка многу ќе ми значат. Благодарам што ја разбирате нашата желба за приватноста – стои во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk