logo
logo
logo

(Видео) Се јави жената КОЈА МУ ЈА ЗЕМАЛА НЕВИНОСТА НА ПРИНЦОТ ХАРИ! Траеше само пет минути...

Vecer | 05.02.2023

(Видео) Се јави жената КОЈА МУ ЈА ЗЕМАЛА НЕВИНОСТА НА ПРИНЦОТ ХАРИ! Траеше само пет минути...

Тоа беше страсна средба на двајца пијани - и сосема веројатно непромислени - познаници кои го напуштија пабот за да испушат цигара и на крајот се искачија преку оградата за да водат љубов на ливадата, каде што беа заштитени од погледот со дебела жива ограда.

Еве како принцот Хари ја загуби невиноста во јули 2001 година; за кој светот не би знаел ништо, доколку тој не открил дел од интимните детали во неговите нови, експлозивни мемоари „Спар“, пишува „Дејли мејл“.

Хари призна дека во светот на возрасните го вовела една „постара жена“ која го третирала како „млад пастув“. Војводата од Сасекс не ја именуваше личноста за која станува збор, но затоа таа самата се огласи пред медиумите за да ја претстави својата страна од приказната.

Станува збор за 40-годишната Саша Волпол, која со принцот се познава уште од мала, бидејќи се грижела за коњите на имотот на кралот Чарлс во Глостершир.

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=QU_xH9jxI68&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2F&feature=emb_logo[/embed]

Таа за британските медиуми откри дека Хари го направил првиот потег, што резултирало со нивниот „спонтан секс полн со искри“. Таа вечер Саша го поканила 16-годишниот Хари во паб за да го прослави нејзиниот 19-ти роденден. Во еден момент провалиле во блиската ливада за да испушат цигара и да излезат од видното поле на телохранителите на Хари.

"Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Двајцата знаевме што ќе се случи. Брзо преминавме од бакнување до тркалање на подот. Тоа беше момент, огнен, експлозивен, меѓу двајца пријатели. Беше наелектризирано, особено затоа што не требаше да го направиме тоа. Тој не беше принцот Хари за мене, тој за мене беше само Хари, мојот пријател, со кого ситуацијата излезе од контрола, се случи“, почна таа да ја раскажува приказната Саша, а потоа додаде:

„Немавме намера да го направиме тоа. Не беше со предумисла и не знаев дека е невин. Изгледа знаеше што прави. Беше брзо, диво, возбудливо. И двајцата бевме пијани. Да не бевме не, тоа немаше да се случи“.

Хари во своите мемоари напишал дека оваа врска брзо завршила, по што Саша го плеснал по задникот и го „испратил на пасиште“. Денеска Саша истакнува дека овој опис ја насмеал.

„Не ми пречи да го каже тоа затоа што не беше многу грандиозно, нели? Бевме пијани и имавме секс на поле“, прокоментира таа, а потоа се сети дека навистина го плеснала со раката на Хари што беше при крај на нивниот секс кој тарел цели пет минути.

"Тоа е неговата смисла за хумор. Ние всушност бевме на полето, каде што престојуваат коњите, па тој тоа го протолкуваше на хумористичен начин. Неговиот опис е точен, се шокирав кога видов колку е искрен. Не сум навредена. Го фатив позади и го удрив. Не знам зошто го напиша тоа за пастуви, мислам дека беше повеќе затоа што работев со коњи. Беше млад. Само кога ќе пораснете ги разбирате овие работи. Тоа беше навистина момент на страст“, ​​заклучи таа.

Оваа средба беше и крај на пријателството на Саша со Хари, тие никогаш повеќе не се слушнаа ниту се допишуваа, иако претходно често излегуваа на пијачки заедно. Таа истакнува дека никогаш не била повредена, но дека тоа лето го доживеала како крај на едно поглавје од нивниот живот.

Набрзо почнала да се дружи со група пријатели чија страст биле моторните спортови, па така го запознала Ијан, човекот кој сега е нејзин сопруг. Денес таа живее со него и го води својот бизнис - копа темели за тераси и патеки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk