logo
logo
logo

Се јаде се, а килограмите исчезнуваат-Најбараната диета во 2021 година!

Vecer | 18.04.2021

Се јаде се, а килограмите исчезнуваат-Најбараната диета во 2021 година!

Барбара Ролс е основач на волуметриската диета, a стана најпопуларна во 2021 година и тоа само како диета која брзо намалува килограми.

Волуметриската диета е всушност начин на исхрана. Тоа е систем кој нè учи каква храна смееме да јадеме, кога и во кои интервали. Благодарение на овие податоци, ќе изгубиме тежина без да се откажеме и тоа многу брзо.

Предноста на волуметриската диета е што тежината не се враќа од едноставна причина што нè учи како правилно да јадеме.

Правила на волуметриската диета:

Оваа диета ја дели храната во 4 групи:

Првата група (храна со мала густина) – нискокалорично овошје и зеленчук, обезмастено млеко и супа од зеленчук.

Втората група – овошје и зеленчук со скроб, житарици, месо со малку маснотии, мешунки и јадења со малку маснотии.

Третата група – месо, сирење, помфрит, леб, сладолед и колачи.

Четвртата група – чоколади, крекери, чипс, ореви, масла, путер …

Волуметриската диета вели дека можете да јадете од првата и втората група во големи количини и тие се користат да се најадете. Кога јадете храна од третата група, ги ограничувате порциите, а храната од категоријата четири ја сведувате на минимум.

Каде и да можете и кога и да можете, заменете ја четвртата група на храна со првата.

Волуметриската диета сугерира да се јаде храна што содржи големи количини на вода:

Супи од зеленчук и чорби

Свежо овошје и зеленчук, а можеби и варен зеленчук

Јогурт

Тестенини наместо леб.

Што можеме да јадеме:

  1. Супа од коски во сите варијанти
  2. Тестенини и сите видови оброци од салата
  3. Риба на сто начини
  4. Пилешки гради

Зошто е толку добра волуметриската диета?

Никогаш не сте гладни. Се јадат три оброци, десерти и закуски. Тоа е само поента, а ја јадете таа група на храна што е здрава, нискокалорична. Откако ќе биде усвоен, овој систем на исхрана останува со вас до крајот на животот.

Волуметриската диета е повеќе начин на живот отколку диета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk