Кират Аси е 42-годишна жена од Лондон, која почнала да се допишува со маж на интернет уште во 2009 година. Се започнало кога на Фејсбук добила порака од поранешното момче на нејзина братучеда кој побарал совет како да ја обнови врската со неа.

Се зближувале, се допишувале пет месеци, а потоа тој починал. Нејзината братучеда потоа и дала и мејл на неговиот наводен брат Боби за да изрази сочувство. Подоцна си размениле профили на социјалните мрежи. Боби бил доктор кој живеел во Австралија, а тој и Аси брзо се заљубиле еден во друг. Тие комуницирале секој ден и постојано ја договарале првата средба во живо, но секој пат нешто излегувало.

Еднаш дури кажал дека имал срцев удар и завршил во болница, а секогаш кога таа го испрашувала подетално за неговиот живот и причините поради кои не можеле да се видат во живо, тој почнувал да се заканува со самоубиство.

Годините минувале и колку и што на Кират и се допаѓало неговото внимание и разговори, таа решила да ангажира приватен детектив за да дознае повеќе за него. Истрагата траела со месеци, а биле вклучени многу сведоци, дури и човекот чии фотографии и идентитет биле украдени. Боби навистина постоел, но тој не стоел зад тастатурата и со години се допишувал со Кират, туку тоа било лице од нејзината околина…

Детективите ја шокирале кога откриле дека сето тоа го направила нејзината братучеда.

„Ова влијаеше на моето здравје, семејството, пријателите, социјалниот живот, кариерата… Ми го уништи животот и ми требаа десет години“, вели Кират.

Според Дејли Мејл, ова е еден од најсложените и најдолготрајните случаи на лажно претставување на Интернет.