logo
logo
logo

Се допишувал со девојка осум месеци без да знае дека тоа е неговата цимерка

Vecer | 30.07.2021

Се допишувал со девојка осум месеци без да знае дека тоа е неговата цимерка

Марио, роден во Милвоки, кој живее во Западен Лондон 11 години, го промени животот откако бракот му се распадна, по што остана без покрив над главата и не можел да ги види своите деца.

- Тешко ми беше со разводот, почнав да се дрогирам, бев бездомник, девет месеци не можев да ги видам моите деца. Морав да се сменам. Подоцна се појави и Хана - рече Марио, додавајќи дека ја запознал Хана преку апликација за состанување.

Тој исто така објасни дека за осум месеци преписка се обидел да се сретне со „Хана“ во живо, но дека таа секогаш се откажувала во последен момент. Тој почнал да се сомнева, па ги контактирал водителите на емисијата „Сом“ со надеж дека ќе успеат да ја најдат.

Ооба Батлер и Џули Аденога започнаа истрага и на крајот открија дека „Хана“ всушност е Кортни - цимерката на Марио и поранешна „пријателка со привилегии“ која лудо била вљубена во него.

Кортни, која исто така е деловен партнер на Марио, користела слики од жена од Нов Зеланд. Тие успеале да ја најдат жената од Нов Зеланд која не знаела дека некој ги користи нејзините слики.

- Тој е мојот најдобар пријател и цимер. Се знаеме скоро пет години. Сакав да видам како би било да бидам негова девојка, бидејќи сум очајно за вљубена во него - изјави Кортни.

Марио бил шокиран кога дозна дека Хана всушност е Кортни. Тој додаде дека знаел за нејзината љубов кон него.

- Ја сакам Кортни како пријателка, како семејство, но тоа е тоа. Не би отишло подалеку од тоа - рече Марио.

И покрај предавството, Марио му прости на Кортни, и тие продолжија да живеат заедно и заедно да го водат бизнисот како пријатели, пишува Daily Mail.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk