logo
logo
logo

Се договоривме да имаме секс за една вечер, но нема да верувате што се случи кога му кажав дека сум вакцинирана!

Vecer | 25.06.2021

Се договоривме да имаме секс за една вечер, но нема да верувате што се случи кога му кажав дека сум вакцинирана!

“Дали ме препознаваш?, гласеше пораката која ми стигна преку апликацијата за запознавање луѓе кои се во отворени врски. Во тој момент пулсот ми се забрза. Дали ја препознавам оваа личност? Го гледам профилот и забележувам дека човек има долга, густа плава коса и блескава насмевка. Преубав, висок, во форма и дефинитивно некој кого не би го заборавила”, вака Ејми Бонд ја започнува својата приказна.

“Препишував на часот по шпански од тебе”, гласи новата порака која Ејми ја добила.

-Гејб беше кул. Кошаркарска ѕзведа во нашето училиште и често опкружен со популарни девојки додека пак јас сакав да ручам во библиотеката со книга во раката. Поминаа речиси 20 години од кога матуриравме. Наскоро ќе наполнам 40, но едвај чекав да слушнам за неговиот живот. Ми го даде неговиот број и одма му се јавив со видео, продолжува Ејми.

За време на видео повикот Гејб седел во својот автомобил и изгледал забавно, насмеано, духовито и самоуверено.

-Раскажи ми се, му кажав. Тој збореше непрекинато цели 30 минути а јас бев воодушевена. Речиси сите со кои бев во училиште имаат семејство, деца, стабилни кариери и солидни животи. Тие не се луѓе кои се селат во Калифорнија да бркаат невозможни соништа. Но јас сум, а за големо изненадување е и Гејб. Се почувствував како да сум целосно поврзана со него, му раскажав се за мојот сопруг и му кажав дека сме во отворена врска. Тој ми кажа дека се сели од Лос Анџелес и дека ќе биде во нашиот крај кон крајот на месецот. Го повикав на вечера, открива Ејми.

На прашањето зошто заминува од Лос Анџелес, Гејб и одговорил дека сака да избега од стравот кој владее меѓу луѓето – маски и слични ствари, односно да побегне од паниката.

-Паузирам да го сварам одговорот. Се надевам дека погрешно го разбрав. Го прашувам дали верува во наука, а тој ми одговора потврдно. Си викам океј, погрешно сум разбрала. Па така ставам потсетник за датумот он кога доаѓа и цели 30 дена си замислувам за нашата интимна врска, каква би била и слично, вели таа.

Кога денот стигнал таа му испратила порака. Неговиот профил го нашла на Инстаграм но не сакајќи да го прогонува не го заследила. Поминале 24 часа, а одговор не стигнал.

-Следниот ден му испратив уште една порака која гласеше “Те посакувам уште од средно..”, а тој ми врати “Не можам да сум со тебе, бидејќи си вакцинирана”. Не ми се верува во ова што го читам па се надевам дека е грешка во зборови. Го прашувам што ова значи а тој ми одговара: Ако имаме односи ќе размениме телесни течности а јас не верувам во вакцини, вели Ејми.

Таа и Гејб живеат во два различни светови – нејзиниот чиј поглед на светот го потврдуваат истражувањето на научниците, науката и предупредувањата на медицинските лица. Неговиот пак, свет во кој основите се теории на заговор.

-Веднаш ми падна на памет разговорот кој го имав со мојата пријателка која ми кажа дека познава многу луѓе кои ги чувствуваат несаканите ефекти од вакцината, но се плашат да ги пријават. Верувам дека постојат необјавени истражување, податоци кои не се бележат и не се објавуваат. Нејзиното мислење не ми звучи лудо. Јас одбирам да фантазирам за свет во кој носталгичната страст ја надминува рационалната мисла, завршува Ејми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk