logo
logo
logo

Сцена од хорор филм се случи во живо: МИЛИМЕТРИ ГО ДЕЛЕА ОД СМРТ (ВИДЕО)

Vecer | 25.05.2021

Сцена од хорор филм се случи во живо: МИЛИМЕТРИ ГО ДЕЛЕА ОД СМРТ (ВИДЕО)

Речиси нема кој го нема гледано култниот хорор „Final destination“ и популарната сцена со трупецот кој се откачува од камионот. Токму тоа му се случи на Американецот Арон Кокс (23) кој  имаше неверојатна среќа бидејќи пред неколку дена успеа да се извлече од ситуација без ниту една гребнатинка, во која многумина на негово место најверојатно би ги загубиле животите.

Имено, трупецот кој излетал од камионот ја скршил шофершајбната и застанал само неколку милиметри пред неговата глава.

По несреќата во која со дел од секундата беше одделен од смртта, тој го објави видеото на ТикТок, а следбениците беа згрозени од глетката.

Младиот човек пред своето возило истакна дека можел да умре како во „Final destination“, а многумина се потсетија на тие ужасни сцени во коментарите.

Неколкумина од нив коментираа дека оттогаш тие повеќе нема да возат позади камион кој превезува трупци, а и Кокс веројатно повеќе нема да го прави тоа.

@alow420##FinalDestination

♬ original sound - Aaron Cox

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk