logo
logo
logo

САРС го даде одговорот: ЕВЕ колку долго трае имунитетот по прележување на Ковид

Vecer | 21.06.2021

САРС го даде одговорот: ЕВЕ колку долго трае имунитетот по прележување на Ковид

Утврдувањето на времетраењето на имунитетот по прележување на инфекција со Корона вирус е клучно за разбирање на текот на пандемијата. Засега, клиничките студии покажуваат дека имунитетот ќе биде долготраен, пренесува „Nature“.

Студијата, објавена во списанието „Nature.“, се однесувала на испитување на имунолошкиот одговор по периодот на инфекција со Корона вирус.

Со оглед на комплексноста на истражувањето, научниците прво утврдија т.н. столбови на одбраната на телото од Корона вирус.

- Постои консензус дека двата главни столба на антивирусниот одговор се имуни клетки наречени цитотоксични Т-клетки кои можат селективно да ги елиминираат заразените клетки и неутрализирачки антитела, вид на антитела кои спречуваат вирусот да ги инфицира клетките така наречени плазма клетки. Третиот столб на ефективен имунолошки одговор ќе биде генерирање на Т-помошни клетки, кои се специфични за вирусот и го координираат имунолошкиот одговор - се наведува во истражувањето.

Клучно е, како што истакнуваат, овие последни клетки да бидат потребни за да се создаде т.н. имунолошка меморија.

Исто така, за Б-клетките се вели дека играат двојна улога во телото.

Истражувачите го прифатија предизвикот за идентификување на плазма клетките кај луѓето кои се опоравиле од коронавирус, како дел од нивното истражување.

Исто така, се наведува дека кај вирусот САРС, идентификуван во светот на почетокот на 21 век кој е сличен на сегашниот Корона вирус, е забележана висока концентрација на антитела кај луѓето 17 години по појавата на вирусот (2003 година).

- За САРС-CoV, корона вирусот кој е многу сличен на САРС-CoV,-2, а кој првично беше идентификуван во 2003 година и предизвикува тежок акутен респираторен синдром (САРС), постои континуирано присуство на високи концентрации на неутрализирачки антитела во крвниот серум дури и по 17 години - се потенцира во „Nature“.

На крајот од статијата, се наведува дека лекарите и истражувачите покажале дека имунитетот може дополнително да се зајакне кај луѓето кои биле вакцинирани една година откако прележале Корона вирус.

- Истражувањата покажуваат дека имунитетот може дополнително да се зајакне кај рековалесцентните лица со вакцинација по една година. Ова резултираше во формирање на повеќе плазма клетки, заедно со зголемување на нивото на антитела кон САРС-CoV-2, кои исто така беа за 50 пати поголеми отколку пред вакцинацијата. Некои од плазма клетките најверојатно ќе бидат „регрутирани“ за да станат мемориски плазми, иако тоа допрва треба да биде формално докажано. - заклучува студијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk