logo
logo
logo

Само во Европа до сега починале 1,5 милиона лица од Ковид

Vecer | 25.11.2021

Само во Европа до сега починале 1,5 милиона лица од Ковид

Според официјални податоци, откако првиот смртен случај на Стариот континент беше регистриран во февруари 2020 година досега во Европа од Ковид-19 умреле 1.500.105 лица, регион што опфаќа 52 земји и територии од брегот на Атлантикот до Азербејџан и Русија.

Во европската зона од средината на јули има раст на бројот на нови смртни случаи, со што Европа стана новиот епицентар на пандемијата и во последните седум дена има просечно по 4.210 фатални исходи дневно, што е зголемување за еден процент од претходната недела и пет проценти од неделата пред неа.

Оваа бројка достигнува слично ниво како во есента 2020 година, кога Европа влезе во вториот бран на пандемијата, во кој најтешката недела по бројот на починати беше во периодот од 14 до 20 јануари 2021 година, а кога антивирусните вакцини сè уште не беа почнати да се даваат.

Меѓутоа, има значителни разлики кога се споредуваат двата брана во однос на брзината на ширење на инфекцијата.

Со околу 29.500 смртни случаи меѓу 18 и 24 ноември, бројот на нови смртни случаи на континентот се зголеми за четири пати од средината на јули, или во последните 20 недели. Минатата година, пак, беа потребни пет недели за бројот на неделни смртни случаи да се зголеми од 7.000 на 30.000.

Русија во моментов е најтешко погодената земја во Европа, со речиси 30 проценти од новите смртни случаи на континентот, со просечни 1.246 смртни случаи на ден.

Од почетокот на октомври, исто така, е зголемен и бројот на новозаразени. Бројот на нови инфекции во Европа никогаш досега не бил толку висок, бидејќи во перидот од 18 до 24 ноември има регистрирано 369.915 случаи на зарази дневно, што е за 14 проценти повеќе од претходната недела.

СЗО на почетокот на ноември повика на засилена борба против пандемијата со позасилено вакцинирање на населението, максимално користење на маската и спроведување на мерките за социјално дистанцирање. СЗО стравува дека до пролет ќе има дополнителни 700.000 смртни случаи од корона вирусот на европскиот континент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk